Бизнис
13. January 2016 - 11:09

Во Кочани лани одобрени 32 барања за набавка на механизација

Мерките на Владата за унапредување и развој на земјоделството во Кочанско ги даваат очекуваните резултати. Минатата година само за мерката 121 - набавка на земјоделска механизација, преку Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството и руралниот  развој во Кочани  биле одобрени 32 барања за набавка на механизација.
 
- До нашата подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој беа поднесени 54 барања. Од нив според потполните и целосни документи се одобрени 32 барања на земјоделци од Кочанскиот регион. Одобрените барања се однесуваат на  земјоделци од планинските села во општината како што се Жиганци, Мородвис и Новоселани со надморска височина од над 700 метри, на кои  им беа вратени средствата за набавка на механизацијата и до 75 проценти, изјави Валентин Захариев од Подрачната единица на агенцијата во Кочани.
 
Захариев истакна дека кај земјоделците од Кочанско постои голем интерес и за претстојниот оглас од програмата за рурален развој кој треба да стартува денови, и тоа за мерките кои се однесуваат првенствено за млади земјоделци, за набавка на механизација и за подигање нови овошни и лозови насади.