Македонија
19. March 2020 - 21:50

Во Кочани 93 лица во самоизолација - штипските конфекции ќе сошијат 20.000 заштитни маски

За 48 часа тројно зголемен бројот на лица од Кочани кои се наоѓаат во домашна изолација поради корона вирусот. Вкупниот број на самоизолирани се искачи на 94. Според известувањето на Според известувањето од Општинскиот штаб за заштита и спасување, против две лица веќе се поднесени и кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, односно тие не ги почитувале одредбите за самоизолација.

-Најголем број од лицата кои се во домашна изолација претходно престојувале во некоја од државите со среден и висок ризик. Повеќето од нив се придржуваат до законските одредби за домашна изолација, но останува апелот за сите да не го доведуваат во ризик здравјето на останатите граѓани и да останат дома.

Општина Штип обезбеди репрометеријал за изработка на 20 000 заштитни маски. Три конфекции во градот добиле нарачка првично да изработат 6000 маски, а во тек се преговори и со останатите конфекции за шиење на дополнителни 14 000 маски. Тоа ќе бидат маски за повеќекратна употреба.

-Овие заштитни маски ќе ги оделиме на здравствените работници, на полицијата, на пензионерите, на текстилните работнички, со што ќе излеземе во пресрет на сите оние кои што се грижат за безбедноста и здравјето на нашите граѓани-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Во Штип во самоизолација се 66 лица.