Во Кина со закони против зависност на младите од онлајн игри
Кина го усвои законот за образование сокој се демонстрира поодлучна позиција на државата во борбата против зависност на малдите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, но и обид да се застане на патот на „слепо“ обожување познати личности на интернет. Кинескиот парламент минатата недела потврди дека ќе разгледа закон со кој ќе се казнуваат родителите доколку нивните деца демонстрираат „многу лошо однесување“ или сторат кривично дело.
Новиот закон, кој не е целосно објавен, ги обврзува локалните самоуправи да го намалат притисокот врз децата на училишна возраст, а родителитÐ µ да го организираат слободното и работното време со нивните деца со цел да се стремат кон дисциплина, разумен однос помеѓу одморот и обврските и избегнување прекумерна употреба на интернет. Во изминатите месеци, Министерството за образование на Кина ги ограничи часовите за играње онлајн игри за малолетници на еден час само во петок, сабота и недела.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори