Свет
1. April 2020 - 10:37

Во Кина 36 новозаразени со коронавирус

Кинеските власти соопштија денеска дека се регистрирани 36 нови случаи на коронавирус, од кои само еден не е поврзан со лица коишто допатувале од странство.

Во изминатите 24 часа, седум лица заразени со вирусот починаа во Кина, пренесува АП.

Од декември, кога е утврдено постоењето на вирусот, во Кина се регистрирани 81.554 случаи, додека 3.312 починале.