-->
-->
Во Кичево мирен протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
-->
На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Силата на македонскиот народ кој се обединува е се поголема. Цврство стоиме на ставот за заедничка Македонија и нема место за делби по никакви основи. Сите што сакаат да си поигруваат со државните и национални интереси им порачуваме дека нема да им помине. Овој народ е обединет, народот ја препозна намерата и нема да дозволи разнебитување на нашата држава, во неа има место за сите нејзини граѓани, рече Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива.
Повикуваме на сплотеност и на разум, нагласи Силјаноски и додаде оти никој не може против народот.
Мирниот протестен марш продолжи низ улиците на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот