Во Кавадарци околу 1.600 нови барања за легализација
По првиот рок даден од владата во Кавадарци има поднесено околу 7.300 барања за легализација на бесправно изградените објекти, изјави денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
- Се покажа правилно што како градоначалници истапивме пред владините институции со барање за пролонгирање на рокот. Имаше кој да не слушне и Владата даде дополнителен рок за аплицирање, рече Панов.
Тој истакна дека до вчера, има околу 1.300 нови барања за легализација на дивоизградени објекти.
- Тоа значи дека имало луѓе кои заборавиле да аплицираат или мислеле дека тоа не се однесува на нивните градби, нагласи градоначалникот.
Според Панов сега има и околу 300 барања за легализирање на електрични, водоводни и канализациони линии.
- Мислам дека сега ја имаме комплетирано целата потреба од легализирање на бесправно изградени објекти и ќе им удоволиме на сите граѓани, рече Панов.
Тој соопшти дека утре кога е последен ден од продолжениот рок, службите на локалната самоуправа ќе работат до 24 часот и ги повика сите граѓани кои имаат дивоградби изградени во временскиот рок опфатен со законот, да побараат легализација. Бидејќи како што рече, тоа е пред се во нивна корист, но и во корист на целото општество.
Досега има 1.610 завршени барања, за 2.939 е прекината постапката, а бројот на предмети кои се во постапка е 2.700.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола