Во Кавадарци одбележани 73 години од загинувањето на Димче Мирчев и Киро Крстев
Со положување цвеќе пред споменикот на влезот во градскиот парк во Кавадарци, денеска беа одбележани 73 години од загинувањето на Димче Мирчев и Киро Крстев, во борба со бугарскиот окупатор во 1944 година. Почит им оддадоа претставници на урбаната заедница „Киро Крстев“, Советот на општината, Сојузот на борци и други граѓани. Хористи од хорот при Основното училиште „Тошо Велков Пепето“, ја интерпретираа македонската химна, а ученици од истото училиште преку рецитал потсетија на Мирчев и Крстев.
Историски час одржа Марија Михова, кустос-историчар во Музеј галеријата од Кавадарци. Таа говореше за животните патишта на Димче Мирчев од Велес и Киро Крстев од Кавадарци, состојбата која му претходела на убиството и херојското дело на двајцата млади борци.
- Како искусни борци и партиски раководители добиле задача во Кавадарци да подготват нови младинци и симпатизери на Народноослободителното движење за излегување во партизанските единици, рече меѓу другото Михова.
Таа потсети дека пред 73 години во куќата на Иге Златев биле одржани неколку состаноци, средби и договори, бидејќи се подготвувало заминување на поголема група младинци во партизани.
- Во екот на тие подготовки, пред се поради големата желба и ентузијазам, попуштила будноста кај младите борци. Бугарскиот фашистички окупатор успеал да ја открие куќата каде престојувале Киро и Димче и во нерамна борба при обид за нивно бегство од обрачот ги убил, додаде Михова.
Ново на Сител
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени