Живот
23. March 2016 - 17:12

Во Канада можете да купите Кронотела, односно Нутела со марихуана

Зголемената популарност на храна во која меѓу состојките се наоѓа и екстракт на марихуана доведе до потреба за новиот производ - Кронотела.

Станува збор за прехранбен производ кој може да се купи во Канада, а кој настана како мешавина на Нутела и екстракт на марихуана или медицинска марихуана. Пакувањето на Кронтела содржи околу 300 мг екстракт канабис.

Комбинацијата на најпопуларнен намаз од лешник, какао и млеко со веројатно најпопуларната полулегална рекреативна дрога (барем во некои држави во светот) се покажа многу профитабилна.

Произведувачите на овој намаз стојат и зад производот Пиф, во кој наместо намазот од лешник, марихуаната ја комбинираат со путер од кикирики.