Свет
15. December 2016 - 10:57

Во Кабул пристигнаа депортирани авганистански баратели на азил од Германија

Група од 34 Авганистанци, чии барања за азил биле отфрлени во Германија, денеска пристигнаа во Кабул.

Ова е прва ваква група, која е депортирана во Авганистан по склучувањето во октомври на договорот меѓу Берлин и Кабул.

Авганистанското Министерство за бегалци соопшти дека околу 10.000 Авганистанци доброволно се вратиле оваа година, меѓу кои 3.000 од Германија. Оваа година Авганистанците се втора по големина група од кандидати за азил во Германија, веднаш по Сиријците.

Според германската Влада, над 12.000 Авганистанци, кои живеат во Авганистан, биле одредени за депортирање минатиот месец.