-->
-->
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-->
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок прогласи седумдневна национална жалост до 4 јануари 2025 година поради авионската несреќа во која загинаа најмалку 179 луѓе.
По вонредниот состанок на државниот самит, Чои ја објави одлуката за прогласување на неколкудневна национална жалост, пренесува Ројтерс.
Во авионската несреќа на патничкиот авион Боинг 737-800 на јужнокорејската компанија Џеџу Ер (Џеџу Ер) на релација Бангкок-Муан, во која имаше 181 лице, загинаа 175 патници и четворица членови на екипажот, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца преживеани, членови на екипажот кои се спасени и пренесени во болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила