Свет
13. April 2020 - 11:08

Во Јужна Кореа повторно позитивни тестови кај веќе излечени пациенти

Здравствените експерти на Јужна Кореа се обидуваат да најдат одговор зошто 116 лица кои биле оздравени од коронавирусот повторно покажале позитивен тест на ковид-19, пренесува Ројтерс.

Објаснувањето на Јонг Ун-кејонг, директор на центарот за истражување и превенција од заразни болести, е дека поголема е веројатноста вирусот да се реактивирал во телото на пациентите отколку тие одново да се инфицирани со него.

Други експерти пак, оценуваат дека причината за таквите резултати би можело да се бара во грешка при тестирањето, или дека позитивните резултати ги предизвикале остатоци од вирусот, но додаваат дека тие не е опасни за носителот, ниту пак, се заразни за околината.