Во Јужна Африка можно е воведување на задолжителна вакцинација против Ковид-19
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека властите размислуваат за задолжителна вакцинација против ковид-19 за граѓаните на одредени работни места, поради зголемувањето на бројот на заболени, кои засега се поврзуваат со појава на новиот сој Омикрон.
Тој, исто така, рече дека властите не размислуваат за економско заклучување и ги критикуваше богатите западноевропски земји за воведување забрани за летови од ЈАР поради појавата на новиот сој.
– Доколку бројот на пациенти продолжи да расте, четвртиот бран може да го очекуваме во следните неколку недели, ако не и порано. Анализираме да ги направиме вакцините задолжителни за работниците, луѓето кои сакаат да одат на јавни настани, јавен превоз и некои други места, истакна Рамафоса.
Јужноафриканските власти се лути затоа што Британците забранија летови од Јужна Африка, што го направија и неколку други земји.
Ова е јасно отстапување од ветувањата дадени од многу земји на неодамнешниот состанок на Г-20 во Рим. Забраната за патување не е под покровителство на науката, ниту ќе биде ефикасна за спречување на нов вид. Тоа само ќе предизвика економска штета на погодените земји и ќе им отежне да одговорат на пандемијата, нагласи Рамафоса.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници