Бизнис
25. August 2015 - 15:00

Во јуни потрошени 545.903 мегавати електрична енергија

Државниот завод за статистика објави дека во јуни 2015 година, во Република Македонија, потрошени се вкупно 545.903 МWh електрична енергија, 2.446 мил. nm3 природен гас, 424.964 тони јаглен и 84.997 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 69,5 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на електрична енергија.