Бизнис
31. August 2016 - 12:41

Во јули зголемен прометот во трговијата на мало

Во групата „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ во јули годинава споредено со јули лани е евидентирано зголемување на прометот, номинално за 7,2 процента, а реално за 7,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во  „трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“,  во јули годинава во однос на јули лани има зголемување на прометот номинално за 19,7 проценти, а реално за 18,8 проценти,  а во „трговија на мало, освен трговија со горива“ номинално за 14 проценти, а реално за 13,9 проценти.