Бизнис
7. September 2017 - 12:58

Во јули издадени 205 одобренија за градење

Во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.554.923.000 денари, што е за 55.1% помалку во однос на јули лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 124 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.7%) за објекти од нискоградба и 57 (27.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 134 (65.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19.748 метри квадратни.