Живот
7. September 2019 - 14:53

Во Јапонија откриен нов вид диносаурус

Научниците од Универзитетот Хокаидо преку анализа на коски на диносаурус стар 72 милиони години, открија дека тој скелет припаѓал на нов вид од семејството хадаросауриди.

Тоа е воедно и најголемиот скелет на диносурус досега пронајден во Јапонија.

Научниците диносурусот го нарекоа „Камуисаурус јапоникус“.

Овој џиновски гуштер бил долг околу осум метри и тежел меѓу четири и 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе.