-->
-->
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-->
Во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина Дамаск денеска е убиен Салман Џума, висок припадник на Хезболах одговорен за врска со сириската армија.
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ) Салман Немер Џама бил во Сирија и работел како претставник на Хезболах во сириските вооружени сили.
Израел ја обвини Сирија дека ги зајакнува силите на Хезболах, дозволувајќи и на милитантната група со седиште во Либан да шверцува оружје низ земјата.
Хезболах во текот на годините се бореше на теренот во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.
ИДФ соопшти дека Џама е убиен во нападот. Хезболах јавно не ја потврди неговата смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб