Во изминатите 10 дена во Вухан се тестирани 6.5 милиони луѓе од Ковид-19
Во изминатите десет дена, во Вухан се тестирани шест и пол милиони луѓе за присуство на коронавирус, а целта е да се тестираат сите 11 милиони жители на тој град, јави кинеската агенција Синхуа.
Градската здравствена служба ги повика сите оние кои не биле тестирани да се пријават до среда, за да може да се изолираат сите што се заразени и немаат никакви симптоми на болеста.
Во последните десет дена во Вухан не е пријавен ниту еден случај на Ковид-19, но со тестирањата се откриени голем број на луѓе кои се позитивни без да го знаат тоа, затоа што немале никакви симптоми.
Кампањата започна откако шест лица беа заразени во една зграда, а властите тогаш одлучија конечно да го прекинат синџирот на ширење на вирусот со тестирање на сите жители.
Во време на епидемијата, кога Вухан беше светски центар на заразата, во градот беа тестирани повеќе од три милиони луѓе, потсетува Синхуа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место