Во Италија вакцината против Ковид-19 задолжителна за здравствените работници
Италијанските власти воведоа обврска здравствените работници да бидат вакцинирани против Ковид-19, со цел да се обезбеди заштита на најранливите пациенти во здравствените установи.
Неодамна беа пријавени зголемен број на заболени здравствени работници, а исто така тие одбиваат да бидат вакцинирани против Ковид-19.
Критичарите на Владата ја доведоа во прашање законитоста на мерката.
Во указ одобрен од Владата на италијанскиот премиер Марио Драги се наведува дека сите здравствени работници, вклучително и вработените аптеките, мора да бидат вакцинирани против Ковид-19. Оние кои одбиваат да бидат вакцинирани, ризикуваат да бидат отпуштени.
– Целта на мерката е да се заштитат што е можно повеќе медицински лица и болничари и луѓе кои се во средина каде што постои поголем ризик од инфекција, соопшти Владата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори