Во Италија уапсен албански државјанин со кокаин вреден 10 милиони евра
– Италијанската полиција уапсила албански државјанин откако биле пронајдени и запленети повеќе од 40 килограми чист кокаин, чија вредност на пазарот достигнува 10 милиони евра, јави Топ чанел.
-Полицијата при рутинска контрола го запрела автомобилот марка “голф” управуван од 30-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува. При претресот на автомобилот била пронајдена кеса со еден килограм кокаин, а потоа бил извршен претрес и неговата куќа каде биле пронајдени уште 40 килограми кокаин и пиштол со сета потребна муниција, наведува телевизијата.
Во куќата, што се користела како лабораторија и магацин, полиција пронашла поголема сума пари за кои основано се сомнева дека се од продажба на кокаин.
Од првичната истрага се покажало дека притворениот албански државјанин бил баран од Гуардија ди финанца од градот Бреша.
Уапсениот бил притворен во затворот Монтакуто, а дрогата, парите, оружјето и другата муниција пронајдени при претресот биле запленети.
Ново на Сител
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри