Во Италија осомничени 237 лица за шверц на тешки дроги, од нив 117 лица од Албанија и Косово
Италијанското обвинителството ја финализира истрагата за акцијата „Крабурун“ во која се осомничи 237 лица, Италијанци но најмногу Албанци,вклучени во шверц главно на тешки дроги, низ цела Европа.
Меѓу уапсените се 127 Албанци од нив 90 од Албанија и 27 од Косово. Оваа организирана нарко мрежа дрогата во Италија ја доставувала од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија, пренесуваат албанските медиуми,повикувајќи се италијанските власти.
Осомничените имале шврцувано тони кокаин, хероин, но и марихуана. Исто така се товарат и за нелегално прозводство и трговија на мешавина на парацетамол со дрога.
Организацијата ја раководел Франческо Абрузезе, познат под псевдонимот Дентузо,заедно со Масимо Албанезе, браќата Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокољи,Прине Доброши и Арбен Велико.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника