Во Италија од идната недела се укинува носењето заштитни маски на отворено
Италија од следната недела делумно ќе го укине задолжителното носење маски на отворено, јави ДПА. Укинувањето на мерката од 28 јуни ќе важи за т.н. „бели области“ каде има мал ризик од инфекција со коронавирусот.
Информацијата на Фејсбук ја објави министерот за здравство Роберто Сперанца.
Во моментов, сите италијански региони, со исклучок на Вале д’Аоста во северозападниот дел на земјата, припаѓаат на „белите зони“ со најмали ограничувања против Ковид-19. Регионот Вале д’Аоста исто така се очекува да биде во „бела зона“ од следниот понеделник. Италијанците сепак ќе мора да носат маски во затворено, во јавен превоз и кога социјално растојание не е можно.
Останува сегашното правило, според кое клиентите во рестораните можат да ги симнуваат маските само кога седат. Првично, италијанската влада вети дека ќе ги укине условите за задолжително носење маски во средината на јули.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање