Во Ирска поради пандемијата се зголеми извозот на лекови и медицински производи
Ирскиот извоз на стоки се зголеми на рекордни 160,8 милијарди евра во 2020 година, поддржан од силната странска побарувачка за медицински и фармацевтски производи за време на пандемијата на коронавирусот.
– Медицинските и фармацевтските производи учествуваа со 39 проценти од стоковиот извоз во 2020 година, со зголемен извоз за една четвртина во споредба со 2019 година, покажуваат проценките на ирскиот Завод за статистика.
Другите поголеми извозни сектори забележаа пад на странската продажба како резултат на ширењето на коронавирусот и ограничувањата наметнати од владите на клучните земји увознички во борбата против Ковид-19.
Извозот на храна и живи животни се намали за два процента, додека извозот на производи од преработувачката индустрија, машини и транспортна опрема забележа пад од околу осум отсто. Ирскиот извоз во останатите земји на ЕУ минатата година се зголеми за 13 проценти, а учеството на ЕУ во вкупниот ирски извоз достигна 40 проценти. Во 2019 година, тој изнесуваше 27 отсто, според извештајот на Заводот за статистика.
Извозот во Велика Британија се намали за девет проценти, со што учеството на Британија во ирскиот извоз достигна осум проценти. Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, ирскиот извоз сè помалку минуваше низ Велика Британија, избирајќи директни патишта кон континентална Европа.
Некои фериботи двојно ги зголемија врските меѓу Ирска и Франција. САД минатата година беа главна дестинација за ирскиот извоз, ако се изземе ЕУ, со учество во вкупниот извоз од 31 процент.
Податоците покажуваат значително присуство на американски компании во Ирска, вклучително и фармацевтски гиганти.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово