Свет
23. May 2016 - 8:34

Во Ирак почнува операција за освојување на Фалуџа

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади објави покренување воена операција заради освојување на Фалуџа, упориштето на „Исламска држава“.

- Дојде крајно време за освојување на Фалуџа. Се приближи моментот на големата победа и Исламска држава нема друг избор, освен да бега, најави ирачкиот премиер.

Покренувањето на операцијата следи после напредувањето на ирачките копнени сили против ИД. Фалуџа се наоѓа на околу 65 километри западно од Багдад.

Последниот град кој ирачките сили го ослободија од ИД е Рутба, на границата со провинцијата Анбар. ИД се уште контролира значаен дел од ирачката територија на северот и западот на земјата, вклучувајќи го и Мосул, вториот град по големина во земјата.