Во Инфективното одделение во Дебар починаа две пациентки од Ковид-19
Во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар,бкаде се третираат болни од Ковид-19 починаа две пациентки.
– И покрај сите напори на здравствениот персонал починаа две пациентки, едната нешто по полноќ, а другата утрово. Станува збор за пациентка од Дебар и пациентка од Ростуше, подрачјето на Долна Река и двете со коморбидитети. Вчера за среќа битката со опасниот вирус ја добија тројца пациенти. Моментно хоспиталзирани се 12 пациенти, сите на кислородна подршка, изјави за МИА Баки Халили, директор на болницата.
Тој истакна дека денеска десет пациенти се третирани амбулантски, што, како што рече, подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмараат и заминуваат во своите домови. Нагласи дека овој број варира на дневно ниво.
Од крајот на февруари, кога беа регистрирани првите два случаи, сопружници од село Баланци, Општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, на подрачјето на оваа и Општина Дебар, со опасниот вирус, според вчерашните официјални податоци се заразиле 467 лица.
Со денеска починатата жена од Дебар, бројот на оние кои ја изгубиле битката е 23. Во здравствени установи во Скопје се хоспитализирани три, додека во домашна изолација се 87
лица во ова подрачје,вкое со својата активност го покрива дебарската Работна единица на Центарот за јавно здравје.
Општина Маврово и Ростуше а со тоа и подрачјето на Долна Река е под надлежност на Центарот за јавно здравје од Гостивар.
Ново на Сител
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник