Свет
28. August 2016 - 12:39

Во Индонезија нападнат христијански свештеник за време на венчавка

Индонезиската полиција истражува терористички напад со нож врз христијански свештеник за време на венчавка. Во инцидентот полесно повредени се свештеникот и напаѓачот.

- Терористичкиот напад се случи утрово во црквата Свети Јозеф, изјави портпаролката на полицијата во Медана, јужна Суматра, Рина Сари Гинтинг.

Таа одаде дека се врши претрес во куќата на напаѓачот за да проверат дали има материјали како се прават бомби. Во црквата има полиција која утврдува дали нападот е „неуспешен обид на бомбаш-самоубиец“.

Според очевидците, напаѓачот бил меѓу верниците кога се слушнала мала експлозија, а потоа тој со нож тргнал кон свештеникот.

Индонезија е држава со најбројна муслиманска популација во светот, а поголемото мнозинство ги поддржува умерените форми на исламот. Во последната година во областа каде е извршен нападот се појави фундаментализам инспириран од Ал Каеда и Исламска држава.