Свет
23. January 2022 - 14:04

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19

– Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со коронавирусот и 525 смртни случаи.  

Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно. Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, во различни делови на земјата во сила се различни рестриктивни мерки против коронавирусот поради омикрон.