Македонија
25. October 2020 - 10:14

Во Илинден санкционирани 157 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Илинден изречени се вкупно 157 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, 10 технички неисправни и нерегистрирани возила... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.