Во ИД војувале 1.200 терористи од Балканот
Според документацијата, најмногу борци на ИД има од Косово – 403, потоа следува БиХ со 350, Албанија меѓу 180 и 200 и Mакедонија со 156 борци, објави порталот Бањалука.нет.
– Што значи враќањето на тие терористи на Балканот, што ќе значи и колку е тоа реален проблем, ќе се дознае многу брзо, откако повратниците ќе ги отслужат своите симболични казни за учество во борбите на страна на ИД и Ал Каеда во Сирија и Ирак, се додава во документацијата.
Како што се наведува, за домашното правосудство претставува проблем што нема конкретни докази дека тие извршиле злосторства и учествувале во убиства на заробеници, а безбедносните служби предупредуваат дека тие во релативно краток период формално-правно ќе бидат слободни граѓани, кои веројатно нема да се откажат од своите радикални верски и терористички идеологии.
Покрај тоа, во документацијата уште се наведува и дека Западен Балкан има проблем поврзан со економската инфилтрација на Турција и Катар во Албанија, Македонија, Косово и БиХ, која и користи на идеолошката инфилтрација поврзана со Муслиманското братство, пишува порталот.
– Се додава дека таа индоктринација ја спроведуваат различни исламски невладини организации, кои имаат за цел да издоминираат со исламот на Балканот и кои сигурно ќе остварат контакт со повратниците од Сирија и Ирак и ќе продолжат да работат со нив како хуманитарни организации, пишува во документите на босанските безбедносни служби.
Ново на Сител
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп