Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори
На повеќе од 6,500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.
Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути. Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.
Државната изборна комисија ги повика гласачите да не се јавуваат телефонски, да не испраќаат СМС пораки или е-пошта, а кандидатите и нивните предлагачи да се воздржат од објавување на нови пропагандни содржини како статуси, видео клипови, слики или коментари на социјалните мрежи или платформи.
Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните, објавија вчера хрватските медиуми.
Анкетата покажува дека 6,8 отсто од гласачите се неопределени, а 2,9 отсто од нив најавуваат дека ќе го поништат гласачкото ливче.
Кога тие бројки ќе се споредат со истото истражување од минатиот месец пред изборите, Милановиќ денеска би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември, пишува загрепскиот портал индекс.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово