Во Хрватска во 2023 година родени најмал број деца од постоењето статистички мерења
Во Хрватска минатата година се родиле најмалку деца откако постојат статистички мерења, а имало повеќе бракови, но и помалку смртни случаи, што донекаде ја подобрило негативната слика за природниот прираст, покажаа привремените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во 2023 година имало 32.047 живородени деца или за речиси 2.000 помалку од 2022 година кога имало 34.027 живородени деца, со што се продолжува трендот на значително намалување на бројот на живородени деца. На пример, во 2000 година се родиле 43.746 деца.
„Поради значително помалиот број на родени деца, трендот на намалување на природниот прираст на населението се уште е крајно неповолен“, вели во интервју за Хина Дубравка Рогиќ-Хаџалиќ, раководител на Одделот за социјални истражувања во ДЗС.
Значителен пад на бројот на живородени деца покажуваат и споредбените податоци со претходните години, кога во 2022 година имало речиси 10.000 живородени деца помалку од 2000 година. Бројот на живородени деца во 2005 година паднал на 42.492, а по зголемувањето на 43.361 роден во 2010 година, значително падна во 2015 година на 37.503 и дополнително во 2020 година на 35.845.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово