Во Хрватска 2.179 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.179 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 16 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Има 1.097 пациенти на болничко лекување, од кои 81 пациент е на респиратор.
Според податоците 16 лица починале во последните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата се искачи на 562 лица.
Во моментов има 15.894 активни случаи на инфекција во Хрватска, а во моментот се самоизолирани 29.338 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 51.495 лица заразени со новиот коронавирус. Оздравеле 35039 лица, од кои 2221 во последните 24 часа.
До денес, тестирани се вкупно 502.048 лица, од кои 8026 во последните 24 часа.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана