Македонија
3. April 2020 - 11:33

Во хотелот „Молика“ сместени уште 26 лица во државен карантин, капацитетот исполнет

 

Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигнала уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин.

Од АД ЕСМ, кој стопанисува во овој хотел, денеска информираа дека се работи за лица кои пристигнале со лет од Германија и оти лицата се од различни градови.

Во „Молика“ престојуваат 99 граѓани со што капацитетот на хотелот е исполнет.

– Сите активности течат според пропишаниот протокол, велат од АД ЕСМ.