Во Хонг Конг поради обилниот дожд издадено црно предупредување
Обилниот дожд предизвика поплавени улици, трговски центри и метро станици во Хонг Конг. За еден час наврнало од 158 до 200 милиметри дожд, најголемо количество на дожд во изминатите 140 години.
Бирото за метеорологија издаде предупредување за највисоко црно невреме на главниот остров во Хонг Конг, Коулун, и североисточниот дел од Новите територии на градот.
Се очекува екстремните услови да траат најмалку до денеска напладне. Поради невремето берзата во Хонг Конг денеска нема да биде отворена, исто така во прекин е и наставата.
Надојдената вода предизвика и затворање на метро станиците и доцнење на возовите.
И во соседниот мегаполис Шенжен е погоден од невремето, каде наврнале 469 милиметри дожд, што е најмногу од почетокот на метеоролошката евиденција од 1952 година.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото