Во Хонг Конг нападнат про-кинески ориентиран пратеник
Поддржувач на антивладини протести во Хонг Конг го избоде про-кинескиот пратеник Јуниус Хо додека водел кампања за локалните избори, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот бил уапсен.
Полицијата исто така додаде дека Хо, неговиот помошник и напаѓачот биле однесени во болница.
Откако ја напуштил болницата, Хо изјави дека имал рана длабока два сантиметри.
Во видеото, што се појави на социјалните мрежи, се гледа млад човек како му дава цвеќиња на Хо и бара да се фотографира со него, а потоа вади нож, што го држел зад грб, и како го прободува Хо во градите.
Во видеото се гледа и како Хо и уште неколку други брзо го совладуваат.
Хо стана омразена фигура во Хонг Конг за време на протестите поради наводно здружување со маскирани мажи во бели кошули кои наводно ги нападнале демонстрантите во метрото на 21 јули. Најмалку 45 лица беа повредени тогаш, а Хо негираше каква било поврзаност.
Оттогаш, демонстрантите постојано ја таргетираа неговата куќа и ги осквернуваа гробовите на неговите родители.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување