Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари
Властите во Хондурас ја уапсија Херлинда Бобадила, шефица на картелот Монтес, по барање за нејзина екстрадиција, како и на нејзините синови, од страна на САД, јавија американски медиуми.
Во текот на вчерашниот ден, полицијата ја приведе 62-годишната Бобадила, по вооружен судир при што загина нејзиниот син, Тито Монтес.
Според началникот на националната полиција, Густаво Санчез Веласкез, приведени се уште три лица. Повеќе детали за инцидентот не беа соопштени.
Во обвинението на САД се тврди дека Бобадила и нејзините двајца синови, Хуан Карлос Монтес Бобадила и Тито Монтес Бобадила, се водачи на организацијата Монтес, што во централноамериканската земја добива кокаин од Јужна Америка.
Американските власти нудеа дури пет милиони долари како награда за информација што ќе доведе до апсење на Бобадила.
Другиот син на Бобадила, Ное Монтес Бобадила, е уапсен во 2017 година и екстрадиран во САД, каде беше осуден на 37 години затвор поради трговија со дрога.
Хондурас досега екстрадираше најмалку 30 свои државјани во САД поради обвиненија поврзани со трговија со дрога.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно