Балкан
10. September 2015 - 8:48

Во Холандија уапсени петмина Албанци со 120 килограми кокаин

Холандската полиција во пристаништето во Ротердам спречила шверц на 120 килограми кокаин, при што се уапсени петмина албански државјани од 27 до 43 годишна возраст.

Еден од уапсените Албанци при обид да побегне бил каснат од полициското куче трагач на дрога.

Дрогата била скриена во ранци кои биле ставени во контејнер со банани. Прво биле откриени 85 килограми, но по втората контрола во контејнерот полицијата го отркила и останатато количество на кокаин, чија вредност се проценува на четири  милиони евра.

Дрогата, според полицијата пристигнала од Еквадор. Холандските медиуми, на кои се повикува порталот Албеу, наведуваат дека дрогата веднаш била уништена.