Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници
Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно седмичниот извештај, заклучно со вчера, во земјата се потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени.
– Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба, соопштија од ЕОДИ.
Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд