Во Грција нови 1.820 случаи на Ковид-19
Втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак починаа девет лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн.
Од новите случаи 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата.
Вчера, беа соопштени 1.797 нови случаи на Ковид-19, од вкупно 66.464 тестови, а денешните 1.820 заразени се од 59.903 тестирања (13.578 рапид и 46.325 ПЦР).
Последен пат, над 1.800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава.
Од почетокот на пандемијата во земјата, од Ковид-19 починаа 12.763 лица, а потврдени се 430.960 позитивни случаи.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување