Во Градско заврши поплочувањето на тротоар во центарот на населбата
Во Градско неделава заврши поплочувањето со украсни бекатон цигли на тротоарот во централното подрачје на населбата, на потегот од ООУ „Даме Груев“ до плоштадот.
Како што информира за МИА,градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, поплочувањето беше започнато на крајот на минатата година, а заврши неделава.
Средствата за овој проект во висина од 2 милиони и 242 илјади денари се обезбедени од општинскиот буџет.
По оваа прва деновиве ќе следи и втора фаза – опремување на овој централен дел на Градско со нови клупи и корпи за отпадоци.
-Овој е само еден од нашите проекти како Општина со кој инвестираме во разубавувањето на населбата и создавање на подобри услови на жителите од Градско. Но воедно и создаваме подобар изглед на централното подрачје на Градско, низ кој секојдневно транзитираат голем бројни домашни и странски туристи, потенцира градоначалникот Бешовски.
Ново на Сител
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор