Во Гостиварско празникот Илинден одбележан со повеќе манифестации
Празникот Илинден во Гостивар и околината се одбележува со црковно-народни собири и повеќе манифестации посветени на празникот.
Празнувањето утрово почна во црквата „Пресвета Богородица“ каде во чест на Св.пророк Илија, света литургија богослужеше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од гостиварското архијерејско намесништво. Митрополитот г. Јосиф во беседата го честиташе национален празник Илинден, а беше отслужен и парастос за што ги дале животите за одбрана на верата и татковината.
По повод Денот на републиката, 2-ри Август во Гостивар со пригоден собир и положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар го одбележа празникот.
Одбележувањето на празникот, Денот на Републиката – Илинден, започна синоќа со концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ во летниот амфитеатар. Пред љубителите на фолклорот, членовите на друштвото со гостите од КУД „Младост“ беа изведени повеќе традиционални игри и ора.
Традиционално, со црковно народни собири, Илинден се празнува одбележува во месноста Илиница во близина на Врапчиште и полошкото село Стенче, каде и оваа година се организира манифестацијата „Илинденски денови“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари