Во голем пожар во Рим уништен Железниот мост
– Голем пожар синоќа го зафати и делумно го уништи Понте ди феро, индустрискиот, таканаречен железен мост што ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере.
Пожарот избувнал синоќа пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово, јавува агенцијата Анса. Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим. Според првичните информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено „стампедо“ од луѓе кои биле во околните ресторани и барови.
Како што јавуваат италјанските медиуми, пожарот загрозил и дел од гасните инсталации, а како мерка на претпазливост е исклучено снабдувањето со гас, електричната енергија и водата. Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџа го посети местото на несреќата и изјави дека „најважно е што нема човечки жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата“. Пожарот изгоре дел од мостот кој се урна во реката Тевера, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се урне поради оштетување. Индустрискиот мост е изграден во 1863 година.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло, попладне можен краткотраен дожд и грмежи
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините