Во Гевгелија повеќе оздравени од заболени од коронавирус
Епидемиолошката ситуација во Општина Гевгелија е задоволителна со оглед на податокот што имаме 19 активни случаи и фактот што континуирано имаме повеќе испишувања на оздравени отколку прием на новозаболени лица од Ковид-19, изјави доктор Сашо Олумчев, раководител на ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.
Тој посочи дека пациентите со полесна и средно тешка слика се лекуваат во Општата болница во Гевгелија,според пропишаните протоколи од Министерството за здравство,дека имаат одличен успех во нивното лекување и оти момемнтно сите се чувствуваат добро.
– Немаме до сега ниту еден пријавен сомнителен случај од градинките поради што се надевам дека тој тренд ќе продолжи и понатаму со придржување на вработените, дечињата и нивните родители кон пропишаните протоколи за заштита, рече Олумчев.
Апелираше до граѓаните, кога времето ќе застуди, да не се групираат во затворени простории, истите да ги проветруваат по неколку пати на ден, да пијат повеќе течности и витамини и да избегнуваат постојано користење на клима уредите.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?