Во Гевгелија поднесени нови 50 барања за легализација
Во Општина Гевгелија се поднесени педесетина барања за легализација во дополнителниот рок што заврши вчера за пријавување дивоградби изградени до 3 март 2011 година.
Од одделението за урбанизам денеска информираа дека од поднесените 4.120 барања во претходниот рок досега се решени 2.300.
Процентот, според одделението, би бил уште повисок доколку подносителите на барања навреме ги доставиле елаборатите и го платиле комуналниот надоместок.
Решените 51 отсто од поднесените барања за легализација на бесправно изградените објекти ја рангира Општина Гевгелија на петто место во државата.
- Овој показател сепак потврдува дека даваме приоритет на урбанизацијата на општина Гевгелија, а тоа најдобро го поткрепуваме со фактот дека веќе се донесени пет нови урбанистички планови и оти во постапка на донесување се уште триесетина урбанистички планови, велат од одделението за урбанизам на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол