Во Гевгелија одбележана 111 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов
Со пригодна свеченост денеска во Гевгелија беше одбележана 111 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов, во организација на општинското здружение на борците.
Свежо цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов, лоциран во центарот на градот, положија делегацијата на општина Гевгелија предводена од претседателот на Советот, Драги Хаџи-Николов и делегации на борците,пензионерите,
- Сава Михајлов, како близок соработник на Гоце Делчев, учествувал во многу акции против отоманскиот поробувач, меѓу кои и во најпознатата за грабнувањето на мисионерката Мис Стон. На денешен ден сам си го одземал животот во нерамноправна борба. Тој претставува континуитет и неговото име во Гевгелија не згаснува. Првиот партизански одред што беше формиран во регионот го носеше неговото име,рече меѓу другото во своето обраќање Јани Ташковски од општинката боречка организација.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Не евидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка