-->
-->
Во Германија нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19
-->
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека вакцината против коронавирус нема да биде задолжителна.
Како што јавија германските медиуми, најмалку 55-65 отсто од Германците треба да бидат вакцинирани.
Шпан рече дека Германија порачала уште шест милиони дози вакцина против грип за да спречи недостиг.
– Вкупно Германија има порачано 26 милиони дози, рече Шпан, додавајќи дека може да има привремено одложување на набавката на вакцината, „но нема недостиг“.
Во меѓувреме, Германија регистрираше повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус, првпат од април.
Во последните 24 часа потврдени се 5.132 заразени и 43 починати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк