Свет
2. May 2020 - 18:17

Во Франција прв случај на инфекција на мачка со новиот коронавирус, ја заразил сопственикот

Франција соопшти за прв случај на зараза со новиот коронавирус на мачка, најверојатно, заразена од нејзиниот сопственик. Тоа го соопшти денеска Институтот за ветерина во Париз (ЕНВА), од каде препорачаа заразените сопственици да одржуваат физичка дистанца од своите миленици.

„ЕНВА, националната Агенција за санитарна безбедност на храна, животна средина и здравје при работа и Институтот Пастер го регистрираа првиот случај на мачка заразена со коронавирусот во Франција“, се вели во соопштението.

Ветеринарниот институт тестираше десетина мачки чии сопственици биле заразени во поширокото подрачје во Париз. Еден од тие тестови е позитивен мачката и има респираторни и дигестивни проблеми.

„Според сегашните научни сознанија, мачките не можат лесно да заразат коронавирусот дури и кога нивните сопственици се заразени“, велат од институтот, потсетувајќи дека четири мачки се заразени ширум светот. Тие им препорачуваат на сопствениците на миленичиња да не ги пуштаат надвор како и физичка дистанца.