Во Франција од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници
– Во Франција oд денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против Ковид на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката е за околу 2,7 милиони луѓе кои се во здравствениот сектор.
За да ја продолжат својата професија, од денеска, ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот. Два месеца откако францускиот претседател Емануел Макрон им постави ултиматум на здравствените работници, некои од нив продолжуваат да одбиваат да се вакцинираат. Според најновите податоци на властите, заклучно со 7 септември, нешто повеќе од 88 проценти од здравствените работници во болниците и домовите за стари лица примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Синдикатите на француските медицински лица предупредија дека може да биде предизвикана здравствена катастрофа доколку медицинските лица кои одбиваат да се вакцинираат престанат да ја практикуваат својата професија и ги повикаат властите да избегнат воведување санкции.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион