Во Франција е украден накит во вредност од 5,5 милиони евра
Непознат маж кон крајот на декември од луксузна златарница во центарот на Париз успеал да украде дијаманти и накит во вредност од 5,5 милиони евра и тоа „пред очите“ на продавачот.
Маж на возраст од околу 40 години, кој се претставил како „експерт за накит кој работи во туѓо име“ на 30 декември утрината влегол во златарницата на швајцарскиот бренд „Де Грисогоно“, на претходно договорена средба.
Во посебна просторија за клиенти златарот ги изложил камењата и накитот пред непознатиот, кој пројавил интерес за „два необработени дијаманти и два прстена со дијаманти и скапоцени камења“.
На крајот наводниот купувач си заминал без да купи нешто.
Дури попладнето златарот сфатил дека клиентот украл четири предмети, чии кутии ги заменил со копии.
Штетата се проценува на 5,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник