Во ФК Тетекс во јуни пристапија десет нови фудбалери и четворица повратници
Во текот на јуни ФК Тетекс се засили со 14 фудбалери-десет нови играчи и четворица повратници во клубот. Продолжени се договорите со седум веќе активни фудбалери, а од младинскиот погон во првиот тим се префрлени пет играчи.
Старо-нови фудбалери во клубот се Михајло Јакимовски кој се враќа од Воска, Марко Спироски и Бојан Зафировски од Македонија ЃП и Арменд Адеми од Кадино.
-Посебно задоволство ни претставуваа денешното доаѓање на фудбалери кои потекнуваат од ФК Тетекс, а се повратници во нашиот клуб. Од првиот ден најавивме дрка тенденција ќе биде враќање и давање шанса на фудбалери кои потекнуваат од Тетово и тетовскиот регион. Им посакуваме на сите успешни настапи во претстојната сезона, информира Мирче Блажески, претседател на ФК Тетекс.
Во среда 6 јули ФК Тетекс ги започнува летните подготовки во Тетово. Од 22 јули ќе има летни подготовки во Струга пред почетокот на првенството на 13 август.
-Воедно закажани се и шетст контролни натпревари од 20 јули до 8 август со Работнички, Воска, Струга ТЉ, Караорман и Пелистер. Сите натпревари ќе се одиграат на гостински терен. Дополнително ќе биде утврден терминот за пријателскиот натпревар против Љуботен, информира Блажески.
Од летово по промена на раководството за шеф на стручен штаб е поставен Бојан Захариев, заедно со асистентите Даниел Радевски и Костадин Ацески, како и Миле Спироски тренер на голмани.
Ново на Сител
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување
-
Зеленски повика на „болни“ санкции за Русија по масовниот напад со дронови
-
Усвоен Извештајот на Вајц за Македонија
-
Приведен газдата на депонијата во Визбегово, еден пожарникар повреден при интервенцијата
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово